(Фото) Доминантни жени со стил во новиот филм Ocean's 8

Добивај вести на Viber

Ѕвездите од новиот филм „Ocean's 8“ ја започнаа промотивната турнеја. Сара Полсон, Оквафина, Сандра Булок, Кејт Бланшет, Ен Хетавеј и Минди Калинг присуствуваа на настан за новинари во музејот „Метрополитен“ во Њујорк.

Сандра шармираше во зелен комбинезон од Ели Сааб, Кејт носеше впечатлив костум од Салваторе Ферагамо, Сара избра комбинација од Мајкл Корс, Ен се појави во креација со потпис на австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски, а Минди во фустан од Стела Мекартни.

Недостигаа само Ријана и Хелена Бонам Картер.


Ева ја најавата за филмот: