(ФОТО) Фризури кои ќе ве подмладат: Бришат години од вашето лице
Ако копнеете за промена на имиџот или сакате да
пробате нова фризура, овие фризури се најдобриот избор за сите оние жени кои
сакаат да се подмладат, а во исто време тие се и трендовски.
Пред да закажете состанок со вашиот фризер,
утврдете колку коса сакате да исечете и за која фризура сакате да се одлучите.
Боб фризура
Веќе долго време сакате да ја пробате боб фризурата,
но не знаете зошто сè уште не ја исековте косата? Овој тип на фризура одоговара
скоро на секое лице, а со неа со сигурност ќе изгледате многу помлади и со
посвеж изглед. Исто како и многу познати убавици кои се решија за боб фризура, како
што се Моника Белучи, Бела Хадид, Мишел Вилијамс, Наоми Вос и Рене Зелвегер.
„Wob“
фризура
Познатите убавици во изминатите месеци се налутија
на брановидната боб фризура, односно се одлучија за волшебна фризура која
особено се препорачува за девојчиња и жени со тенка коса. „Wob“ е дефинитивно
најпосакуваната фризура во моментот. Не е ни чудо затоа што е класичен стил, но
со модерни ноти. Оваа фризура е одлично решение затоа што дава структура и
впечаток на волумен, а и ги „одзема“ годините.
Лоб фризура
Сега култното лоби како фризерски тренд се појави
во 2014 година, а со текот на годините не ја изгуби својата популарност. Оваа
едноставна фризура е вистински хит меѓу познатите убавици и бројните трендсетерки,
а ја популаризираше Џесика Алба, чија фризура беше прогласена за една од
најбараните минатата година. Оваа фризура е идеална за сите жени кои сакаат
промена, но не сакаат драстично да ја скратат косата.
Пикси
фризура
Покрај долгата и добро негувана коса, и оваа тренд
е кратката коса. Експертите тврдат дека ќе гледаме пикси фризури насекаде во
наредните месеци, особено оние инспирирани од 60-тите. Скратувањето на косата
во вид на Пикси фризура е омилена од неколку причини, а главните две се дека
оваа фризура е лесна за одржување и веднаш „брише“ години од лицето. Ако сакате да
изгледате како разиграна девојка и да имате фризура што се мие и стилизира за
пет минути, тогаш фризурата што Шарлиз Терон ја носи неколку години е вистинскиот
избор за вас.
Фото: Инстаграм
(ГАЛЕРИЈА) Летни романтични фризури: Ќе ги обожавате