(ФОТО) Иста како мама: Ирена Спасовска ја покажа ќерката

Фолк-пејачката Ирена Спасовска е секогаш актуелна на социјалните мрежи. Овојпат таа објави фотографија во друштво на ќерка си Тамара.

- Тами и мами- стои во опсиот на фотографијата, за која таа вели дека се чувствува благословена.

Ирена досега изјавила дека нејзината ќерка е многу музикална, но покрај таа заедничка особина, она што веднаш може да се забележи е дека Тамара многу наликува на мајка си. Имено за оваа фотографија тие имаат и сличен стил на фустани, но и иста боја на коса. Каква мајка, таква ќерка!