(ФОТО) Ирена Спасовска ужива во Катар во друштво на Шеик

Фолк-пејачката која имаше турбулентна година на приватен план, комплетно се посвети на кариерата и нејзината љубов-музиката. 

Ирена Спасовска деновиве ужива во Доха и Катар, а како што и самата се пофали на социјалните мрежи во една од објавите, друштво и прави еден Шеик.

- Катар: Прекрасен ден поминат во „Молот“ на Шеикот со вештачко небо, со канали, со гондоли- раскажа таа.

Спасовска и новинарот и поранешен уметнички директор на „Фолк фест Валандово“, Орце Гелевски, во јули минатата година, потврдија дека не се повеќе заедно по 13 години врска.


Фото: Фејсбук профил на Ирена Спасовска