(ФОТО) КЕТЛИН ТАРНЕР: Во 80-тите беше секс симбол, денес болеста целосно ја промени
Американската актерка Кетлин Тарнер (63) веќе од 25 години го носи епитетот една од најубави актерки на светот. Но со текот на времето нејзиниот изглед се променил.
Таа неодамна откри дека нејзината убавина ја уништила болеста, поточно ревматоиден артритис.
Со болеста почнала да се бори пред две децении, а тогаш се шпекулирало дека алкохолот е виновен за нејзината состојба.
-Бев надувана како балон од лекови. Беше прилично грозно-објаснила Тарнер која почнала да пие за да ја издржи болката.
Во неодамнешно интервју повторно се навратила на најтешкиот период од својот живот и открила дека го отпуштиле лекарот кој и рекол дека цел живот ќе мора да го помине во инвалидска количка.
-Докторите уште во 1992 година ми дијагностицираа ревматоиден артритис и долго тоа го чував како тајна. Луѓето ми зборуваа ужасни работи поради мојот изглед, дека сум пијаница и разни други гадости. Да откриев тогаш дека боледувам од болест која не можам да ја контролирам, никој не би ме допирал“, рекла актерката.