(ФОТО) ЛОЗАНО СНИМА РОМАНТИЧЕН СПОТ ВО ТУРЦИЈА
Влатко Лозановски-Лозано снима спот во Турција. За својата нова видео приказна, популарниот пејач избра романтичен амбиент покрај море, во Кушадаси.
На своите профили на социјалните мрежи, Лозано се уште не објавил за која песна се работи, освен дека режисер на спотот е Даниел Јовески. Со Влатко, на патувањето во Турција е и неговиот постојан авторски тим, Лазар и Магдалена -Ена Цветкоски, како и Васко Спасоски, неговиот ПР.
Лозано со режисерот Даниел Јовески
Лозано е актуелен со песната „Километри“, која за кусо време етсна голем хит, и чиј спот за неполни два месеци достигна повеќе од еден милион и двеста прегледи на јутјуб. Песната на српски јазик, најави дека ќе ја препее неговата колешка, Тијана Дапчевиќ.
Претходен хит на Лозано е „Камо тебе да те имам“. Пејачот во моментов го подготвува својот нов албум, трет по ред, кој симболично ќе се виика „Десет“, по повод десетгодишнината од кога се појави на домашната музичка сцена.
(М.Џ.)