(ФОТО) Македонската Моника Белучи: Надица Георгиева е безвременска убавица
*Насловна фотографија Мартин Трајановски/ @vanmalder
Многумина сметаат дека токму таа е една од најубавите жени во Македонија, а Надица Георгиева го потврдува тоа и во шестата деценија од својот живот.
Посветената сопруга и мајка, како и ексманекенка со успешна кариера зад себе, повторно се најде во улога на модел, за фотосесијата по повод јубилејот на нејзината модна агенција „Моделс Ин“, која веќе 20 години ја има со манекенот и нејзин пријател Алек Наумовски.
Многумина ја споредуваат Надица со безвременската убавина на италијанската актерка Моника Белучи, а последните фотографии само ја докажуваат нивната сличност. Моника има 56 години, додека Надица 50 години, двете се препознатливи по црната коса и заводливиот поглед, по убавината, одличниот стил и успешноста.
- Ја одржувам линијата многу лесно, јадам сѐ што ќе посакам, но во мали количини, или почесто 3-4 пати на ден, но помалку. Се хранам така како што јас мислам дека му одговара на моето тело, а не затоа што научниците ќе ми кажат што е здраво, а што не. Не јадам риба, не јадам сладолед и не јадам овошје. Едноставно не ми одговара. Не вежбам, но сум во постојано движење.. Пешачам многу, околу 10 км дневно и тоа ме одржува во одлична форма- раскажа Надица за тоа како со години ја одржува виталната линија, за Женски Магазин.
Фото: Дејан Миличевиќ
Фото: @monicabellucciofficiel
*Р.Ж.М.