Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Црната боја одлично им стои: Надица и Иво во тон
Надица Ѓеоргиева и Иво Јанковски се совршена двојка во секој поглед, а тоа може да се заклучи и од последните фотографии од премиерата на новиот филм на Милчо Манчевски. Стилски компатибилни и убави, на двојката не може да ѝ се најде ниту една замерка.
Во една прилика Надица изјави дека бракот со Иво е најубавото нешто што ѝ се случило на љубовен план. Се запознале пред скоро две децении, набргу по нејзиното враќање од Виена.
- Еден период бевме и комшии. Подоцна работевме и на неколку заеднички проекти, така што јас и Иво многу добро се знаеме - откри Георгиева.