(ФОТО) Најголема грешка со косата која ја прават жените во 40-тите
Кога е во прашање косата, сите дами се по малку несигурни, неодлучни и ретко се одлучуваат за ризик и драстични промени.
Што сме постари, тоа поретко се осудуваме. Затоа треба да размислиме за следново: Треба ли да ја пуштиме косата да расте или да ја скратиме во тренди боб? Треба ли од време на време да се промени бојата на косата или да си ја оставиме природната боја? Повеќето на крајот се откажуваат од се', а спрема фризерот на познатите Ентоније Нејдер, тоа е најголема грешка која жената во четириесеттите може да го направи.
- Жените ја пуштаат косата да расте или ја оставаат со еднаква должина без да прават фризура. Тоа нема никаква смисла, бидејќи само стоите пред огледало и секој ден правите плетенка или врзувате коњско опавче- открива Нејдер.
Скоро на сите жени во најдобрите години им стојат две фризури: благо брановидна фризура која фино го истакнува лицето, дава контура и го ублажува коцкастиот облик.
Втората е „пони“ фризура која завршува директно под веѓите, а ќе ги сокрие евентуалните брчки на лицето.
По посета на фризерот, косата мора да ја обликувате дома. Меѓутоа тоа не треба да биде премногу агресивно. Многу жени во 40-тите години користат многу производи за обликување на косата, која ја прават потешка и ја „влечат надолу“, па Нејдер советува да се користи што помалку хемија.