(ФОТО) НОВ ИНСТАГРАМ ТРЕНД: Омбре на трепки

Добивај вести на Viber

Блогерите од Инстаграм пронајдоа уште еден необичен тренд - трепки во омбре техника.

Следејќи ја техниката  #mermaidlashes, кога makeup уметниците им додадат на црно-белите трепки плави нијанси на море, Инстаграм е побогат за уште еден храбар тренд - омбре на трепки.

Се е многу едноставно-лажни трепки се однапред обоени така да нивните корени останат темни, а влакната се во плава, зелена, виолетова и розова боја. Некои блогери одат понатаму и ги нијансираат своите веѓи во бојата на врвот на трепките. Таквата шминка изгледа несомнено импресивна, но е погодна за стилизирани фотографии или забава а не за секојдневен изглед.

Ако идејата на омбре трепки е она што го сакате, користете едноставен трик-обојте ги трепките со вообичаена црна маскара, а потоа додајте малку плава или зелена боја на врвовите на трепките. Овој вид на омбре трепки не е премногу упадлив и истовремено на вашиот изглед ќе му додаде свежи и светли акценти.


foto:Instagram