(ФОТО) Овој пат засекогаш: Се вери Парис Хилтон, рече „ДА“ на својот 40-ти роденден

Најбогатата и, како што велат, најразгалената наследничка Парис Хилтон, по една година врска, рече „ДА“ на нејзиниот партнер Картер Риум.

Таа ги објави романтичните фотографии во бело и моментот на запросувањето на Инстаграм и ги опиша деталите за свршувачката.

"Кога ќе пронајдете сродна душа, вие само го знаете тоа. Го чувствувате тоа. Јас и мојата љубов сме заедно од првиот состанок, а за мојот роденден тој ми подготви специјално патување во" тропскиот рај““.


Шетале покрај плажата додека оделе на вечера, а Картер ја однел во колиба украсена со цвеќиња, клекнал на колена и ја запроси.

"Реков да, засекогаш да. Не постои некој друг со кого би сакала да го поминам остатокот од мојот живот", напиша Парис.

Инаку, Парис токму на денот на веридбата, 17 февруари наполни 40 години.

А, оваа запросување и е четврто по ред.


Откако рекла да, нивното семејство и најблиските излегле и заедно ја прославиле веридбата.


Фото: Инстаграм/parishilton

Видео: Твитер и Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Ме тепаа, зјапаа во моето голо тело: Парис Хилтон со солзи во очите за насилството што го доживеала во интернат