Ме тепаа, зјапаа во моето голо тело: Парис Хилтон со солзи во очите за насилството што го доживеала во интернат

Сè уште и е тешко поради сè ...

Парис Хилтон зборуваше пред Комитетот за правда во Јута, лобирајќи за закон што треба да ги регулира проблематичните тинејџери во државата.

По тој повод, таа го спомна и насилството што и се случило, и плачеше кога се присети на тоа.

- Јас се викам Парис Хилтон, преживеав институционална злоупотреба и денес зборувам во име на стотици илјади деца, кои во моментов се наоѓаат во институции ширум Америка - рече таа во своето сведочење.

Родителите на Парис ја испратиле во интернат во обид да ја одвратат од забави и бунт кај тинејџерите. Школарината за ваква институција чинела околу 300.000 американски долари за една година.


- На 16-годишна возраст, како дете, ги чувствував нивните очи, додека гледаа во моето голо тело. Јас бев само дете и бев малтретирана секој ден.

Хилтон, исто така вели дека децата во училиштето „Прово Кенион“ редовно биле врзувани, ударани во ѕид, давени и сексуално напаѓани.

- Сè уште се плашам да зборувам за нешто толку лично. Но, не можам да спијам ноќе, знаејќи дека има деца што го доживуваат истото насилство како мене и многу други што го поминале, а не треба ни вие - рече Парис.


Фото: screenshoot/Инстаграм/parishilton