(ФОТО) Паравани меѓу лежалките во Охрид

Повеќето од сопствениците на охридските плажи кои изнајмуваат лежалки за туристите ги почитуваат мерките за зашитита од коронавирусот. Наредени се две по две, а меѓу нив има раздалечина од повеќе од два метри.

Тоа што сега на плажите има помалку лежалки за изјнајмување ги радува и охриѓани и туристите. На плажите има повеќе простор за сопствени реквизити, што за сите е поисплатливо.

На плажата Куба Либре, во делот кој е споен со кафе-барот, лежалките се во ист број како минатите години, но меѓу нив има поставено стаклени паравани.

Откако на дел од охридските плажи кои изминативе години работеа на диво, минатиот месец им беа срушени шанковите, тие се полни, особено во попладневните часови. Плажата „Немо“ на пример, сега се вика “Градска плажа Горица 3“. Охриѓани доаѓаат овде по завршувањето на работното време и коментираат дека се среќни што веќе нема кафе барови и гласна музика, и конечно имаат простор да си донесат свои лежалки и столчиња. 

(М.Џ.)