(ФОТО) Пензионерот Тони се врати на модната писта на 82 години

Добивај вести на Viber

Најпознатиот хрватски пензионер, интернет сензацијата Таљат Селмани, познат по прекарот Тони повторно стана манекен.

Популарноста на Тони ја искористи хрватскиот Саем за венчавки, кој го повика Тони да биде дел од моделите на Саемот кој се одржа изминатиов викенд во Загреб. Тони има 82 години, и некогаш бил модел. За себе си вели дека е првиот манекен во поранешна Југославија. Зад себе има бројни реклами за храна, пијалоци, но и за брендови за хрватската текстилна индустрија. 

„ Тони на Саемот ги покажа резултатите од напорното вежбање. Улогата на модел одлично му прилега“, коментирале во публиката. Повеќе познати личности од Хрватска беа дел од Саемот за венчавки, но Тони беше најголемата ѕвезда. 

Фото: Вечерњи лист