(ФОТО) ПРИЗНАНИЕ ЗА ТРУДНИЦАТА: Ева Лонгорија доби ѕвезда на Булеварот на славните

Добивај вести на Viber

Ева Лонгорија, попозната како една од „Очајните домакинки“, доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.


Семејството и пријателите славеле со 43-годишната актерка, а меѓу нив биле и поп ѕвездата Рики Мартин, дизајнерката Викторија Бекам, актерката Ана Фарис, Мелани Грифит и Фелисити Хофман, која осум сезони глумеше со Лонгорија во Очајни домакинки.


-Се чувствувам како сѐ уште да сум девојка од Тексас со големи соништа-рекла Лонгорија. -Како жена и како Латиноамериканка претставувам многу заедници, па сакам да им порачам-ова не е моја ѕвезда, ова е наша ѕвезда.


Ева ја доби својата холивудска ѕвезда токму во време кога излегува нејзиниот прв филм “Overboard”, римејк филм од 1987. На свеченоста беше и третиот сопруг на Ева Антониот Бастон со кој го очекува своето прво дете.


Актерката претходно беше во брак со кошаркарот Тони Паркер и актерот Тајлер Кристофер.