(ФОТО) Прва фотографија од згодниот Том Харди во улога на Ал Капоне

Долго се шпекулираше за тоа дали Том Харди ќе го глуми најпознатиот американски гангстер на сите времиња, Ал Капоне. Откако самиот актер потврди, вчера на својот профил на Инстаграм објави фотографија од снимањето.

Том Харди, Ал Капоне ќе го игра во фимот „Фонзо“ кој го режира Џош Тренк. Во улогата на Ал Капоне досега се најдоа Род Стајгер, Роберт де Ниро и Бен Газар.


Филмот ќе биде фокусиран на последните години од животот на Ал Капоне, откако заболе од деменција, и затвор. За минатото ќе стане збор низ неговите вознемирувачки сеќавања.

Уште не се знае кога филмот би може да се најде пред гледачите.