(ФОТО) Сандра Булок во црвен секси комбинезон на црвениот тепих

Добивај вести на Viber

Сандра Булок е предводничка на славната актерска екипа која стои зад долгоочекуваниот трилер “Ocean’s 8“.

Покрај неа тука се и Кејт Бланшет, Сара Полсон, Ријана, Ен Хатавеј, Минди Калинг и Хелен Бонам Картер.


На лондонската премиера на овој возбудлив филм кој го следи група жени во текот на планирањето на голем грабеж на накит, Сандра заблеска во креација на либанскиот дизајнер Мурад Захир.


Поточно на црвениот тепих во „Leicester Square“ холивудската актерка се појави во комбинезон со длабок израз и широки ногавици кој изгледаше како вечерна тоалета.


Хоризонталните пруги на комбинезонот визуелно ја истенчија нејзината фигура, додека светките и донесоа доза гламур во оваа комбинација. Свеченото издание го зачинила со црни сандали со отворени прсти и на висока потпетица.