(ФОТО) Синот на Лепа Брена ослабе 50 килограми

Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, долго време се борел со вишокот на килограми, па одлучил да направи драстична промена. Виктор пред две години имал 160 килограми. Уште од почетокот, тој отворено на социјалните мрежи зборуваше за диетата, а за да им покаже да пријателите колку ослабел, објави фотографија пред и потоа. 

Виктор во последниве две години ослабел повеќе од 50 килограми, а пријателите на социјалните мрежи го поддржуваат во коментарите. 

Виктор за две години ослабел повеќе од 50 килограми 

„Не одредив точно колку килограми треба да загубам, но десет најмалку. Поважно ми е да се затегнам и мускулите да имаат добра форма. Добивам комплименти откако ослабев 50 килогарми, но гледам дека можам и подобро од тоа“, изјавил Виктор.

Во една прилика, Лепа Брена, која е поборник на здравата исхрана, изјавила дека ѝ е тешко кога го гледа синот како е несреќен. 

Брена со синовите Виктор и Стефан 

„Бев тажна кога видов дека дете од 18 години има повеќе од 160 килограми. Што ми значи целото богатство на овој свет кога гледам дека детето не е задоволно со себе си, а не знаете како да му помогнете, како родител и како педагог“, рекла Брена. Неодамна, за Женски магазин таа зборуваше за својот начин на исхрана.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со синовите Виктор, Стефан и Филип 

„ Јадам малку месо, и за себе можам да кажам дека не постам секоја среда и петок, туку постам веќе 35 години. Ако јадам месо, тоа е еднаш во неделата. Мојата исхрана се сведува на некои лесни протеини, супи, чорби, можеби некоја јапонска или тајландска храна. Секоја храна, само не оваа нашава балканска. Понекогаш ќе ми се случи да изедам некоја сарма, или некое месо, но потоа ќе се покајам, затоа што јас тоа не можам да го сварам“, ни изјави пејачката.