Откако го заврши снимањето на третата сезона на серијата „Преспав“ во Скопје, Тијана Дапчевиќ е на заслужен одмор.
Пејачката и актерка која живее во Белград со синот Вук и со сопругот Милан, остана во Скопје еден месец додека се снимаше популарната серија во која таа ја игра германката Ула. По обврските со снимањето, Тијана ужива во Италија со синот и со сопругот. „Конечно одмор. Италија и ние“, напиша Тијана на своот Фејсбук профил до фотографиите од Венеција.
Со хитот „Тајно моја“, Тијана настапи на концертот посветен на Тоше Проески минатиот викенд во Скопје.