(ФОТО) ЗАБОРАВАТЕ НА ЦРНИОТ АЈЛЈАНЕР: Вака изгледа мејкапот кој е тренд за пролет/лето2018
Црната линија на ајлајнер за очи можеби е безвременска класика, но неговата бела варијанта е вистинско освежување. Белиот ајлајнер за очи е најнов бјути тренд од модните писти кој за краток рок ги преплави и социјалните мрежи.
А кога актерката Марго Роби го носеше на лондонската премиера на својот последен филм „Јас, Тони“, повеќе нема сомнение дека се работи за мејкап хит на годината.
Шминкерите истакнуваат и дека се работи за мејкап кој може да го носи секој, без разлика на бојата на очи, коса или тен, бидејќи белата боја, како и црната им одговара на сите.
Да биде се уште подобро, белата линија на ајлајнерот не мора да биде толку прецизна како црната, може да биде дури и спонтано размачкана, а можете и како Марго, да ја нанесете преку целите горни капаци.
Погледнете на што мислиме во фотографиите.