Стилистот за коса Октај за Женски Магазин открива: Кои фризури и бои ќе бидат најголем хит летово?
Неговата креативност и љубовта кон стилизирањето на коса, го направија еден од најбараните фризери во нашиот главен град
Октај Сејди или Оки за своите блиски и познаници, за Женски Магазин отворено раскажува за својата професија, но и за новите летни трендови кои се најпосакувани во неговиот салон.
Неговата приказна со стилизирањето коса започнува од негови 14 години, на само 20 години отвара свој салон и покрај многуте препреки на кои налетува, или како што и самиот вели:
- Стилот се промени, но денес повеќе е мој стил на работа, имам сопствен израз на уметност врз косата, па затоа и лесно е препознатлив. Затоа сметам секој уметник треба да има сопствен изграден стил кој ќе биде препознатлив. Не е лесно на 20 години да отвориш свој салон, но увидов дека не е невозможно. Налетав на милион препреки, но сѐ тоа денес ме донесе тука каде што сум, веќе сум сопственик на третиот најголем салон во земјава.
Кога станува збор за трендовите кои ќе преовладуваат ова лето, Октај ги има следните совети:
Коса: Трендовите според мене секогаш се и ќе бидат, но природниот изглед никогаш не излегува од мода. Сметам дека секоја дама си има сопствена убавина која треба да се истакне со минимални допири на уметност. Тоа се: благи валови, прекршена коса со исправени врвови и фенирана навнатре.
Шминка: Шминка која ќе биде идеална според контурите и годините е „мakeup/no makeup“ со „eyeliner“, како и кожа боја или црвен кармин.
Боја на коса: „baby blond“, „choco“, „honey“, „ice peachy blond“. Ова се моите побарувачки од страна на моите драги клиенти. Токму и тие се исклучителен тренд оваа година.
Познатиот стилист за коса вели дека вообичаено заедно со клиентот одлучуваат за изборот на фризурата во зависност од приликата и одредениот стил, па така и косата доаѓа до солидно решение. Низ неговите раце поминале многу познати македонски и балкански ѕвезди, кои излегле супер задоволни од неговиот салон.
- Моите планови, чекор по чекор ги остварувам, па така и идните што ќе доаѓаат, чекор по чекор. Огромна благодарност на Бога што ме дарил со ваков талент, кој нема граници и никаков лимит - вели за крај Октај.
*Д.Караташова Илиоска