Фризура од ТикТок која е едноставно фантастична: Сè што ви треба е еден украс од новогодишната елка (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Локни за новогодишната ноќ се секогаш добра идеја

А ние не знаеме за вас, но секогаш нè нервира што закажуваме термин кај фризер месец дена однапред.

Особено ако не знаете дали и кога ќе бидете слободни.

Или, одење во салон вечерта пред прославата, бидејќи на денот на дочекот нема слободни места.

Затоа, најдобро би било сами да си ја направите фризурата.

И тоа на многу новогодишен начин.

Се‘ што ви треба е украси за новогодишна елка!

Не се шегуваме.

Да објасниме...

Еден фризерски салон објави неколку видеа на социјалната мрежа ТикТок, на кои се гледа како вртат новогодишна сјајна лента (која се користи како украс за новогодишна елка) околу косата.

Ѝ ја ставија лентата на врвот на главата, потоа ја обвиткуваа косата околу неа и на крајот ја прицврстија со ластик за коса.

Резултатот што го добија е феноменален!


Прекрасно обликувани кадрици кои не‘ оставаат без текст.

Се разбира, можеби, во склад со празничната еуфорија, тие всушност само се шегуваа, но зошто да не се обидете? Сосема е безопасно, и искрено кажано, за убавина, сме направиле многу полоши работи. Резултатот од овој експеримент може да биде одличен.


Фото и Видео: ТикТок