Ги исфрли овие 4 намирници од исхраната и го доведе своето тело до совршенство: Ова е диетата на Емина Јаховиќ

Добивај вести на Viber

Пејачката се грижи за своето здравје и изглед, редовно вежба, а храната што ја консумира многу внимателно ја одбира

Пејачката Емина Јаховиќ никого не остава рамнодушен со својот изглед, а и самата признава дека вложила многу труд за да има витка линија. Таа никогаш не пропушта тренинзи, а често објавува фотографии од теретана за да ги мотивира обожавателите да живеат здрав живот.

Пејачката овој пат реши да им биде инспирација на жените и да открие дел од својата диета, односно храната што ја консумира и да ја сподели со следбениците на Инстаграм.

Атрактивната пејачка од исхраната ги исфрлила јаглехидратите, шеќерот, грицките, алкохолот и доцните вечери. Соковите ги заменила со обична вода, а нејзината исхрана ги вклучува следните намирници: свеж и термички обработен зеленчук, месо, вода со лимон, портокал или ѓумбир.

Емина истакна дека нејзиниот беспрекорен физички изглед се должи и на тоа што ги избегнува негативните луѓе, и дека се труди да биде опкружена со оние кои ја сакаат.

Љубовта кон спортот пејачката им ја пренесе на синовите – на Јаман скијањето, додека Јавуз се занимава со боречки вештини.


Фото: Инстаграм/Емина Јаховиќ