Елеганција и луксуз: Погледнете го домот на Емина Јаховиќ во Турција во кој живее по разводот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Погледот на Босфор остава без здив, а пејачката се погрижила за секој детаљ.

Пејачката Емина Јаховиќ по бракот со познатиот турски пејач Мустафа Сандал целосно и го промени животот. Таа се пресели во еден од најголемите градови во Турција, Истанбул, каде што живее и денес, по разводот.

Нејзиниот дом во кој се всели по големата љубовна врска со пејачот со кој има два сина е олицетворение на софистицираност, а Емина внимателно го избирала секој детаљ за да си обезбеди на себе и на своите наследници пријатен простор за уживање.

Нејзиниот нов дом се наоѓа во близина на местото каде што живеела со семејството и сето тоа за нејзините деца да бидат блиску до својот татко и често да го гледаат.

Пејачката на социјалната мрежа Инстаграм објави неколку фотографии од својот дом, па можевме да видиме дека е уреден во минималистички и модерен стил. Што се однесува до боите, доминира белата боја, како и крем тонови кои прават целиот простор да изгледа елегантно.

Огледалата со златна рамка, мермерните ѕидови, стаклена градина се само делови од внимателно уредените агли во нејзиното мало кралство.

Но, она што сигурно најмногу ѝ годи на пејачката и во што ужива, е терасата со поглед на Босфорот. Нема сомнеж дека Емина ужива во пиењето на првото утринско кафе во сцена која ѝ носи мир.

Инаку, куќата во која Емина живееше со Мустафа пред неколку години вредеше дури 700.000 евра, а пејачката немаше проблем да се прилагоди на помалиот простор кој зрачи со топлина.

извор:24sedam.rs