Ги измила јагодите во раствор на вода, оцет и сол, а тоа што излегло од нив ја запрепрастило: Ова е правилниот начин како да го миете ова овојше

Добивај вести на Viber

Веќе можеме да ги купиме првите јагоди скоро во секоја продавница, маркет и пазар, иако по цени коуи се навистина високи, но вистинската сезона на ова сочно овошје доаѓа наскоро, кога ќе можеме да уживаме во засладувањето до душа.

Но, иако сакаме да јадеме јагоди со задоволство, последниве денови на интернет кружи трик кој фрла поинакво светло на ова овошје. Веруваме дека, како и повеќето луѓе, јагодите ги плакнете со обична вода, но наводно постои далеку подобар и побезбеден начин за миење.

Имено, извесна Лорен Мекензи Гамбрел испробала вирален трик од Тик Ток во кој се тврди дека јагодите треба да се мијат во солен раствор од вода и оцет и дека само така може да се исчистат од нечистотија на нив и потенцијално мали, речиси невидливи инсекти, муви и слично.


Лорен во поголем сад истурила раствор од вода и оцет во однос 4 спрема 1, додала малку сол, па во оваа смеса ги потопувала јагодите и ги оставила да отстојат околу 5 минути.

Во водата затекнала бројни трошки и нечистотија, а истакнала дека очигледно до сега не знаела како правилно да ги мие јагодите.

Нејзината објава е споделена повеќе од 120.000 пати!


Фото: Фејсбук Лорен Мекензи Гамбрел