Ѓаволот не ми даде мир, морав да го прегледам телефонот на мојот маж: Што ја снајде на крајот оваа жена?

Сакала да умре од срам, потоа од среќа, а на крајот доживеала нешто неочекувано...

На Интернет се појави исповед на една сопруга која воодушеви многумина, некои ги разбесни, а други пак дури ги насмеа поради иронијата на целата приказна.

„Инаку не сум љубоморна, но една вечер ѓаволот не ми даде мир и кога сопругот заспа, одлучив да му го проверам телефонот. Во пораките и на социјалните мрежи немаше ништо сомнително, па преминав на листата на повици.

Таму најдов три „сомнителни“, често бирани контакти.

Едниот беше „најнежниот допир“, другиот „слатки солзи“, а третиот „жената од моите соништа“.

Во моментот полудев и почнав да размислувам со колку ли жени ме изневерува сопругот. Заминав во тоалетот и веднаш свртев на сите три броја.

Прво свртев на „најнежниот допир“. Ми се јави неговата мајка. Пропаднав во земја од срам и ветив дека ќе ѝ раскажам зошто ја побарав. Почнав да размислувам дали ќе се засрамам пред уште некој член на семејството, но не ми падна на памет кој би можел да биде под „слатки солзи“. Сепак свртев и ми се јави неговата 10 години помлада сестра.

Сега бев сигурна дека „жената од соништата“ сум јас и така беше - кога свртев, заѕвони мојот телефон.

Истовремено бев горда што мојот сопруг е толку прекрасен кон нас трите и воодушевена од начинот на кој не доживува, а во исто време сакав да умрам од срам што паднав волку ниско. Му раскажав на маж ми што направив, а тој слатко се насмеа. И понатаму ми беше срам, па одлучив да му купам подарок на сопругот. Половина од заштедените пари ги дадов за неговиот рачен часовник и не ми беше жал.“

Кога дознале што се случило, по долго смеење, и мајката и сестрата одлучиле да му купат подарок. Малку му му дала поголем износ на пари, а сестра му му помогнала да купи нов мотор.

„Мојот сопруг навистина беше изненаден и среќен поради порадоците, но тоа не беше реакција која ја очекував - наместо смеа и бакнежи, добивме изненадни солзи и прашање со што тој заслужил да го сакаме толку многу.

Не помина ни половина година од ова, мојот сопруг замина од дома. Баш кога одеднаш почна на секој час да му ѕвони „електричарот Алекс“... На оној мотор кој сестра му му помогна да го купи, со парите кои му ги даде мајка му и со часовникот на рака кој му го купив јас...“