ГЛЕДАВМЕ НА GLEY
Од неодамна нa
македонскиот пазар е достапна
македонската национална стриминг платформа GLEY, каде
по принципот на месечна не-обврзувачка
претплата имате пристап до голем број на видео содржини на разни уреди. Секој
може да си избере содржина која го интересира и да ја гледа кога сака.
Ја
инсталиравме и одлучивме да погледнеме што нуди и дали е исплатлива.
Стриминг платформите се светски тренд. Најголемата предност при гледањето содржина на платформа е што гледачот не е врзан за конкретен термин и за уред за гледање на саканата содржина.Токму ваквите светски трендови се отсликуваат во првата и единствена македонска национална стриминг платформа gley.mk.
Регистрацијата е лесна и брза, инсталацијата на сите апликации е едноставна, а менито е приспособено да му помогне на консументот едноставно и лесно да ја одбере посакуваната содржина. Платформата можете да ја инсталирате на Смарт телевизор, на телефон или таблет. Сите содржини се преведени на македонски и албански јазик.
Според она што ние го видовме, идејата на креаторот на ГЛЕЈ не е да ги замени веќе постоечките глобални стриминг платформи, туку да понуди сосема поразлична и оригинална содржина. Тоа на пазарот ја позиционира како сосема автентична платформа, со оригинален концепт.
Што е она што ја прави ГЛЕЈ поразлична од другите платформи?
Пред се, пристап кон македонската филмска и играна продукција. Познатите домашни филмски остварувања се поставени на едно место. На тој начин ГЛЕЈ ја промовира и поддржува домашната продукција што придонесува за нејзина популаризација.
Од она што моментално се нуди на ГЛЕЈ издвојуваме: сите сезони на најгледаниот македонски ситком „Преспав“, психолошката драма „На терапија“, поголем дел од опусот на нашиот реномиран режисер Милчо Манчевски,наградуваниот филм „Џган“, најгледаниот македонски филм „Трето полувреме“ , филмот „Ослободувањето на Скопје и др.
Поголем дел од македонските содржини веќе ги нема на Јутуб и во дигиталниот свет изгледа дека ќе бидат достапни само на платформата.
Други содржини кои ја двојат оваа платформа од останатите, но и ја прават привлечна за нашето поднебје е одличниот избор од брзорастечката висококвалитетна регионална продукција. Содржини кои направија вистински бум во регионот, но кај нас не беа достапни за гледање.
Станува збор за филмови и серии за кои често сме се „убивале“ барајќи ги по Интернет, полнејќи си ги уредите со вируси, често наидувајќи на неквалитетни стримови па дури и нелегални страници. Сега, тие наслови, вклучително и новите сезони од популарните серии можат да се погледнат на ГЛЕЈ.
Па така, на ГЛЕЈ ја гледавме супер популарната хрватска серија „Црно –бел свет“, која нè врати во ЈУ од 80 – тите години и нè потсети на животот и рок културата на овие простори. Новите сезони се веќе најавени на платформата. Ги гледавме популарните српски крими серии – „Тајкун“, „Клан“, „Мочвара“, кои според квалитетот можат да се споредат со најпознатите серии од светската продукција. Ја гледавме серијата „Беса“ која предизвика огромен интерес во целиот регион и која е снимена со одлична мултинационална актерска екипа. Во најава е втората сезона која ќе може да се гледа ексклузивно и само на ГЛЕЈ.
Нешто од понудата на најновите регионални остварувања кои ние би ги ставиле во категорија „гледај задолжително“ се и сериите „Црна свадба“, „Певачица“, „12 зборови“.
На ГЛЕЈ најдовме и дел од најатрактивните европски филмови и серии, што исто така е содржински оригинално, посебно со оглед на тоа што европската филмска продукција, во последните години бележи голем подем и има сè повеќе гледачи кои уживаат во европската кинематографија.
Пријатно изненадување за нас претставува детската програма во која сите наслови се надсинхронизирани на македонски и албански јазик. На содржината е имплементирана родителска заштита и можете да бидете сигурни дека вашите деца гледаат програма соодветна на нивната возраст, наспроти видеата на Јутјуб каде многу често излегуваат несоодветни реклами, но и препорачани содржини кои не се соодветни за деца.
Од „Зоки Поки“, „Светот на Биби“, „Биди свој“ до многу други едукативни и забавни содржини за деца, ГЛЕЈ нуди квалитетен контент и за најмалите.Нашето искуство со ГЛЕЈ беше многу позитивно. Го препорачуваме на секој кој сака да испроба нешто ново. Целиот програмски каталог може да го видите на нивната веб страница на компјутер уште пред да се регистрирате, а исто како и другите глобални платформи, ГЛЕЈ нуди бесплатен пробен период кој можете да го откажете кога сакате. Во моментов тој е 30 дена за сите нови корисници кои ќе се регистрираат до 30 ноември.