Го изгубил сеќавањето во несреќа: По 5 години, повторно се вљубил во сопругата

Пар од Австралија, Вејн и Шарлин, биле во брак 5 години. Тие имаат четири деца, три сина и една ќерка. Имале навистина прекрасен брак. Но, се се сменило во 2009 кога Вејн доживеал несреќа на работа.

Доживеал срцев удар на работното место. Работел како возач на вилушкар, дехидрирал и се онесвестил поради високата температура. Тој завршил во болница, каде бил спасен. Неговата сопруга Шарлин не се одделила од него. Кога се разбудил, неговите зборови ја стресоа. Кога таа влегла кај него во собата, тој ѝ рекол: „Значи, ти си моја жена?“

Вејн добил амнезија и не се сеќавал на ништо од неговите последни 20 години, тој дури и не ја познавал својата сопруга. Лекарите рекле дека меморијата обично се враќа. Вејн бил пуштен дома. Сите се труделе околу него, Шарлин најмногу. Таа и децата му покажувалезаеднички фотографии, му покажале што е ново во техниката, му помогнале со се‘ она на кое тој не се сеќавал.

Тие навистина се обиделе и се надевале дека ќе му се врати сеќавањето, но залудно. Состојбата на Вејн останала непроменета.

Пет години по несреќата, тој повторно се вљубил во својата сопруга и тие повторно се венчале. Вејн се вратил на работа и сè продолжил таму каде што застанал.


Фото: YOUTUBE PRINTSCREEN

Можеби ќе ве интересира:

Како родителот го уништува детето за цел живот: 7 работи кои оставаат длабоки лузни на срцето и психата