Како родителот го уништува детето за цел живот: 7 работи кои оставаат длабоки лузни на срцето и психата

Иако е со добри намери, ова никогаш, ама никогаш немојте да му го зборувате на детето...

Многу родители се колнат дека никогаш нема да го удрат своето дете и дека тоа е одлука за почит, но мал број на луѓе обрнуваат внимание на емоционалната злоупотреба и што таа подразбира.

Некои работи кои му ги кажувате на детето, можеби со најдобри намери, на срцето на вашето дете оставаат длабока лузна! Тие може да го доведат до анксиозност, депресија и ниска самодоверба, па затоа водете сметка пред да ги употребите следниот пат!

1. Споредување со другите (Погледни како твојот брат го прави тоа!)

Доколку постојано го споредувате своето дете со „совршеното дете“ на вашите пријатели, го спречувате да ја види вистинската слика за самиот себе и поттикнувате да се чувствува како губитник. Исто така, фаворизирањето на едно дете во семејството доведува до непотребно ривалство помеѓу браќата и сестрите. Еден од нив ќе се чувствува несакано, додека другиот ќе мора да го носи товарот на идеалот „совршено дете“ и постојано ќе се обидува да се тера себе на она што суштински не го сака, само за да им се докаже на родителите и да му дадат малку љубов. Таа депресија развиена во детството често се пренесува и на периодот кога детето ќе порасне.

2. Занемарување на детските чувства (Дали е можно да плачеш поради тоа?!)

Можеби на вас скршената играчка ви изгледа неважно во споредба со плаќањето на месечните сметки, но тоа не значи дека на вашето не треба да му биде жал, бидејќи ја изгубило омилената играчка. Кога ќе се случи нешто вакво, а вие не го разбирате, дете учи да ја потиснува тагата, а потоа и среќата, бесот, радоста... Така децата израснуваат во личност кои се неспособни да ги изразат чувствата, а со самото тоа и да изградат искрена врска со луѓето околу себе. Во иднина ќе им биде тешко да се изборат со интензивните емоции, што може да доведе до депресија и анксиозност во возрасниот период.

3. Лажење на децата (Кажавте дека може да си играм кога ќе го напишам домашното! Не, не го кажавме тоа...)

Немојте намерно да го менувате сеќавањето на децата, доколку тоа е точно, со тоа што ќе додавате нови детали или ќе ги менувате работите. Истото важи и за ветувањата. Тоа ќе направи децата да се сомневаат во себе и светот околу себе, по што следува ниското ниво на самодоверба. И ова може да доведе до анксиозност и депресија, а во тешките случаиви, дури и до психоза.

4. Условна љубов (Те сакам, но мора да имаш подобри оценки)

Веруваме дека со ова сте имале најдобра намера, дека само сте сакале да го мотивирате. Но, вашето дете не гледа мотивација, туку го слуша следното: Јас и сите останати луѓе на светот ќе те сакаме само доколку работите ги завршуваш совршено; не си време за ништо доколку зад себе немаш некое достигнување.

5. Преиспитување на способностите на детето (Зошто не си подобар во математика?)

Оваа воопшто не му помага на детето да се потруди повеќе, всушност истото има спротивен ефект. Колку повеќе се истакнува немоќта на детето за да постигне подобар резултат, толку шансите да се откаже од тоа се поголеми. Ваквите фази во родителството прават детето да ја изгуби вербата во себе, по што станува анксиозно и депресивно, а сето тоа му се пренесува и подоцна во животот.

6. Прекари засновани на менталните способности или физичкиот изглед (Зошто секогаш си толку слаб?)

Иако на децата им се препорачува да ги игнорираат работите кои ги повредуваат, како прекарите на училиште, не е исто кога станува збор за зборови кажани од страна на родителот. На овој начин му создавате слика на детето за самото себе, што на крајот може да резултира со различни психички пореметувања, како и пореметувања во исхраната.

7. Правете детето да чувствува дека ви должи нешто (Знаеш ли од колку работи се откажавме заради тебе?)

Секако сте морале малку да се жртвувате за детето, но тоа бил ваш избор и немате право да му ја префрлате одговорноста на детето. Тие не треба да се чувствуваат виновни за вашите одлуки. Тоа во некои случаи може да доведе до патолошка вина, која е поврзана со бројни неврози, вклучувајќи го и опсесивно компулсивно нарушување.


Извор: prva.rs