Го откри чајот кој мора да го конзумирате во време на коронавирус: Ексклузивно интервју со баба Рада

Секоја тема поврзана со коронавирусот во последните неколку дена е актуелна, вклучувајќи го и интересот за природните лекови кои би можеле да не заштитат од овој вирус. Затоа на оваа тема една од најпознатите билкарки, баба Рада само за Женски магазин сподели неколку природни лекови.

Баба Рада ни раскажа како најпознатиот лекар во времето на Југославија, д - р Гостушки, но и за време на Првата и Втората Светска Војна ги лечел ранетите луѓе. Сето тоа го правел со помош на бор.

„Врвчињата од игличките од борот се одлични и топло би препорачала да ги пробате, доколку имате можност да најдете бор во некое чисто место и ќе видете ќе имате  чувство како да пиете лимон, односно чај со витамин Ц. Преубав и превкусен е чајот, а исто така топло ви го препорачувам еден од најубавите медови - боров мед, кој многу едноставно и лесно се прави.“ - ни посочи познатата билкарка, а потоа додаде:

„Сите ние треба да се обраќаме кон Бога. Исто така, треба домовите да си ги искадиме со темјан и босилек. Тие во себе имаат антисептички, антивирусни, антибактериски својства и токму горењето на босилекот и темјанот, како врвни природни аналгетици на луѓето им помогнале да можат да се спасат од тие тешки епидемии.“ 

Баба Рада вели дека главна улога во заштита од коронавирусот има и кадењето на домот со босилек и темјан, но доколку се додадат уште неколку билки, ќе може домот да го исчистиме од секакви бактерии и вируси.

„Доколку имате можност, да најдеме и еукалиптус би било уште подобро, но никако без задолжителниот темјан, босилек, потоа жалфија и тука исто така се оние гранчиња од борот, кои во себе имаат врвни етерични масла и својства кои во испарувањето го чистат домот од секакви бактерии и вируси и на таков начин можеме да си помогнеме.“ - додаде и посочи дека од сите овие билки е добро да им се направи чај на децата.

Рецептот од приказната „Маслото од четирите крадци“, според баба Рада е добар да се користи за време на оваа пандемија, а истиот може и да се пие, растворен со вода.

„Циметот, каранфилчето и мускатното оревче имаат во себе врни антибактериски и антигабични, а најважно е што имаат антипаразитни својства. Сите овие состојки се ставаат во масло, се става и лаванда, која што е врвна, рузмарин, еукалиптус, а доколку се најде и жалфија. Сето ова се става во една тегла, а за овој рецепт може да се користат и стапчиња цимет, доколку не го сакате циметот во прав и се полева со масло. Не мора да се стави маслиново масло, може да се користи било какво и сето тоа треба да се зоврие како кога се прави компот, завиткано во хартија, да се зоврие на тивко некои 30 минути и после да се става од ова неколку капки во вода во лончиња, а може и да се мачкате. Не само што помага против зарази, туку ова масло ја прави кожата еластична и мека.“

Таа исто така ни посочи нешто за повозрасните. Освен што е важно тие да останат дома, таа вели дека следниот рецепт треба да им биде секојдневна рутина.

„Одлично е да пијат секое утро сода бикарбона, односно една рамна лажичка сода бикарбона, сок од половина лимон и млака вода. Оваа мешавина не мора целосно да се испие, туку со она што ќе остане може да се направи гаргара.“ - кратка и јасна беше баба Рада, а потоа додаде дека лукот исто така треба да им биде дел од секојдневната исхрана.

„Лукот задолжително треба да го имате дома. Може и да се прави чај од лук, што им пречи на возрасните две три чешниња лукче да стават во чаша вода и кога ќе станат сабајле, заедно со содата бикарбона и лимонот да го испијат. Да каснат две три гранчиња од магдонос, ќе искрцкаат малку од каранфилчето и ќе нема да мирисаат, а исто така чорбите се многу важни да се јадат сега.“

Еден од најважните совети што ни ги посочи баба Рада е дека секое овошје и зеленчук што ќе ги конзумираме, задолжително да се остави да отстои половина час во вода со сода бикарбона.

„Ова ви го кажувам бидејќи многу луѓе, дури и возрасни ми се јавија дека имаат глисти, а тоа доаѓа од неизмиеното овошје и зеленчук. Јас мијам дури и банани, затоа што кога зимаме да јадеме не знаеме низ колку раце е поминато тоа овошје или зеленчук пред да го донесеме во нашиот дом.“

Таа вели дека никогаш не и е здодевно, дека деновите ги поминува читајќи, гледајќи интересни емисии, прави разни рецепти и не дозволува сето ова да ја депримира.

„Сега е период кога треба да си помогнеме едни на други, да си подадеме рака, да не критикуваме и што е најважно да се молиме на нашите лекари, за сестрите, за полицијата, за војската и за сите оние луѓе кои што се во првиот фронт. Значи да имаме во себе милост, сочувство и само така ќе се спасиме.“ - на крајот посочи најпознатата баба во Македонија.

И. Мисајловска