Гоце Андреевски, портпаролот на МВР и поранешен водител стана татко: Посакавме желба - ни се оствари ти

Новинарот Гоце Андреевски, кој публиката го засака како дел од популарната водителска четворка на „Утринска на Телма“, а сегашен портпаролот на МВР стана татко.

Гоце се ожени со својата избраничка Даниела Арсовска оваа лето, а за Женски магазин тогаш раскажа дека свадбата била волшебна.

На 24-ти јануари пак, брачниот пар станаа родители на првото детенце - ќеркичката Јована.

„Даниела и јас сме заедно три ипол години. Се свршивме минатата година во Охрид, на Свети Наум“, ни раскажа тогаш Гоце кој на романтичен начин ја побара својата сакана за жена, на изворите на Дрим. Даниела е полна со љубов, многу сме среќни - ни изјави Гоце.