Голема тага: Почина македонскиот актер Митко Апостоловски

На 67-годишна возраст почина македонскиот актер Митко Апостоловски.

Македонската театарска и филмска сцена денес останаа без еден од доајените на Битолскиот театар. Апостоловски беше препознатлив и по улогите во „Македонски народни приказни“.

Веста за неговата смрт ја објавија неговите колеги кои се простуваат од него на социјалните мрежи:


Митко Апостоловски (Битола на 7 март 1955) — македонски глумец. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Од 1995 г. беше повторно во Народниот театар во Битола.