Голото бебе од насловната на албумот на Нирвана порасна: Сега го тужи бендот за детска порнографија

фото:Profimedia

Бебето на насловната страница на познатиот албум на Нирвана „Nevermind“ од 1991 година, сега е возрасен човек и одлучи да го тужи бендот за, како што вели, сексуална експлоатација.

Имено, човек по име Спенсер Елден тврди дека тој е тоа голо бебе фотографирано во базен. По 30 години од објавувањето на албумот, тој одлучи да ги тужи останатите членови на бендот, со цел да добие голема сума на пари, но и наследството на Курт Кобејн.

Според тужбата, Елден тврди дека не можел да даде согласност неговата експлицитна фотографија да се користи за корицата на албумот, бидејќи имал само четири месеци, додавајќи дека и неговите старатели не дале согласност за објавување на спорната фотографија, пишува „ТМЗ“.

Елден во тужбата наведува дека се работи за детска порнографија и тврди дека бендот му ветил дека ќе ги покрие гениталиите со налепница. Меѓутоа, тоа никогаш не се случило. Според судските документи, Елден наведува дека членовите на бендот не го заштитиле од сексуална експлоатација, па така и денес, како што пишува, има психолошки последици од неговото голо тело, кое се наоѓа на насловната страница на познатиот Нирвана албум.

Тој бара минимален надомест од 150.000 американски долари од секој член на Нирвана поединечно, меѓутоа, тие се уште не го коментираат овој случај.

извор: b92.net