Горда сум што сум како кукла: Девојката (31) која даде отказ и си вгради три килограми пластика во себе, го живее својот сон

Наскоро треба да стави импланти во задникот, да ги зголеми градите и повторно да го оперира носот. Таа сака да изгледа целосно пластично и што е можно повеќе слично на секс куклите

Алиша Амира (31) се преселила од Стокхолм, Шведска во Дорсет, откако ја напуштила својата работа.

Ги оперирала градите, челото, очите, образите и усните, за да стане подвижна секс кукла. Таа има еден куп обожаватели на социјалните мрежи, а им откри дека се‘ уште не завршила со пластичните операции.


- Сакам да го живеам животот како жива секс кукла. Затоа си го „избришав“ стариот живот. Не се сменив, еволуирав. Се откажав од „нормалниот“ живот за да станам ова. Можев да живеам нормален живот ако сакав, но избрав да станам секс кукла што се движи. Горда сум на моето патување, на секој негов чекор и на сите чекори што ќе ги направам - гордо изјави Алиша.


Таа правела филери на лицето и неколку други процедури, како што се филери за образи, назолабијални филери, ботокс, филер за брадата и филер за вилица. И усните ги зголемила, а имала и операција на носот и градите.


Тежи 52,7 килограми, од кои три килограми се пластики, пренесува 24sedam.


Фото: Инстаграм