Гордо ја носи титулата божица на стилот во фустан стар 26 години: На Моза ни во 7 деценија никој не може да ѝ парира
Моза бинт Насер гордо ја носи титулата кралица на стилот во фустан стар 26 години - таа не престанува да привлекува внимание.
Моза бинт Насер важи за кралица на стилот, а тоа го докажа и за време на Светското првенство во фудбал, каде целото внимание беше насочено кон неа. Покрај тоа што е секогаш добро стилизирана, Моза е и високо образована, со дури 7 докторати, што ја прави ненадминлива. Бидејќи кодексот на облекување на Катар налага жените да носат абаја - долга наметка што го покрива целото тело - Моза најде начин да покаже дека дури и ако е облечена според традицијата - сепак може да изгледа привлечно.
Инаку, Моза има 63 години и изгледа многу помладо. Таа најчесто носи разнобојни комбинации, зачинети со скап накит и ефективна шминка.
Токму кога мислиме дека не може да нè изненади, оваа дама создава возбуда секој пат со нејзината облека и занесниот изглед. Овој пат таа се појави во специјален фустан на Диор од колекцијата есен/зима 1996 година и ја воодушеви јавноста.
Бидејќи ревијата на познатата модна куќа покажа пократок модел на фустанот, Моза уште еднаш покажа дека ја почитува традицијата носејќи подолг модел. Нежните нуд бои се секогаш во мода, а и покрај тоа што трендовите се менуваат, овој модел на фустан делува безвременски.
Со фустанот одат плишани чевли со потпетица, кои одлично се вклопуваат со фустанот, на кој има и кадифени украси. Моза исклучиво носи дизајнерска облека од најпознатите модни куќи, а не е чудно што оваа комбинација ја комплетирала со чанта Шанел.
Хајнд ибн Хамад ел Тани е ќерката на Моза, која вкусот за мода го наследила од нејзината мајка, па во јавноста почесто се појавува во слични изданија, а се издвојува по тоа што се занимава со развојот на образованието во својата земја.
ФОТО: Инстаграм