„Gym lips“ е нов тренд за шминкање на усните кој стана хит на Интернет: Сјајни и полни усни во само два чекора
Неодамна, видеата на TikTok посветени на едноставниот
„изглед без шминка“ стануваат сè попопуларни. Најновиот тренд на TikTok од
серијата „Не сум нашминкана, но сум“
се нарекува „gym lips“, а еве за што се работи.
Трендот „gym lips“ го создаде Кели Ен Цивил, а тоа е минималистички изглед на усните што сака да го носи кога оди во теретана.
„Јас првично го нареков „gym lips“, бидејќи кога одев во теретана, обично ги правев усните така и ги чешлав веѓите нагоре“, вели таа.
@makeupxka let’s bring gym lips to tik tok lmao #gymlips my go to liner is @Kevyn Aucoin in divine or @ABH Cosmetics original sound - Kelli Anne Sewell
Сепак, „gym lips“ не се само изглед за во теретана, а кога ќе ги видите видеата на TikTok, ќе сфатите дека тоа е техника на шминкање која изгледа добро во секоја прилика и се прави додека трепнете.
Она што го бараат „gym lips“ е користење на молив по работ на усните, приближно природна боја на усните, пред да ги наполните со истиот молив. Ова е проследено со хранлив третман за усни - идеално оној со малку сјај - за бујни усни кои успеваат да изгледаат природно.
@thebwordmakeupartist Not me mixing @Jack Harlow First Class with @TSC @Lauryn Bosstick podcast episode for Gym Lips. @Jason Wu Beauty Stay in Line lip Pencil + @Maybelline New York Lifter Gloss in Opal #fyp #gymlips First Class - Jack Harlow
„Клучот е да имате молив за усни што одговара на бојата на вашите усни“, вели Сивил во нејзиното оригинално TikTok видео, покажувајќи ја сопствената техника на нанесување. Нејзиниот молив е неверојатно суптилен и едвај ги преминува природните линии на усните.
Што се однесува до сјајот или балзамот, работата е прилично поедноставна. Речиси секој бренд за убавина има своја верзија на бистар, хранливбалзам, па затоа изборот на мирис е обично најтешкиот дел.
Сивил признава дека „не измислила топла вода“, но трендот брзо се прошири на TikTok.
Фото и Видео: ТикТок