„Хабиби, дојди во Дубаи“: Драгана Мирковиќ и Сека Алексиќ со полни раце работа во Емиратите - вака го поминуваат времето кога одмараат

Драгана Мирковиќ заедно со колешка од естрадата пееше на приватна прослава во Дубаи.
Драгана Мирковиќ спои убаво и корисно, па уживаше и се забавуваше со колешката Сека Алексиќ и пријателите.
Двете се возеа на голф количка.
- Хабиби, дојди во Дубаи - низ смеа во еден момент рече пејачката.
Таа се прошета заедно со колешката и го обиколија луксузниот хотел во кој престојуваа.
– Бандата од Касидол и Пазова – напиша Сека Алексиќ во описот на фотографијата.
Да потсетиме, пејачката Драгана Мирковиќ настапи во Дубаи на гала прослава, која се одржува на луксузна плажа и на која настапуваат неколку познати имиња.
На сликите и видеата кои се појавија во јавноста може да се види како нејзините раце се полни со пари.
Забавата почнала во текот на денот, а атмосферата била доведена до вжештување, а како што било предвидено, траела до крајот на ноќта.
Покрај Драгана пееја и Сека Алексиќ, Саша Матиќ, Андреана Чекиќ и Урош Живковиќ, наизменично пред микрофонот.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs