Халки е бренд кој е асоцијација за учење на децата на општествено одговорно однесување: Интервју со Тамара Џекова Андоновска, дел од дирекцијата за Корпоративни комуникации на Халкбанк АД Скопје
- Халки не е само олицетворение на детското штедење, туку и бренд, кој е асоцијација за учење на децата на оштествено одговорно однесување
Постојано креирање нови производи според потребите на клиентите, воведување нови и иновативни производи согласно развојот на информатичките технологии и силно негување на општествено одговорни пактики, се веројатно главните одлики на Халкбанк, банка која пред 10 години влезе на македонскиот финансиски пазар и успеа за само една деценија да прерасне во силен бренд и во една од водечките банки во земјава. За тоа како е да се биде дел од тимот кој меѓу другото е задолжен за претставување на производите и за приближување на сите активности на Банката до јавноста, зборуваме со Тамара Џекова Андоновска, дирекцијата за Корпоративни комуникации на Халкбанк.
1. Халкбанк годинава одбележува јубилеј - 10 години присуство на македонскиот финансиски пазар, деценија во која Банката прерасна во силен и препознатлив бренд. Имате многу производи прилагодени на потребите на граѓаните, што значи и многу активности врзани за соодветна промоција на продуктите и нивно приближување до јавноста. Сепак, како дел од дирекцијата за Корпоративни комуникации, дали би можеле да издвоите некој производ на кој сте посебно горди?
Кога Вашата секојдневна работа ја извршувате со огромна страст и ентузијазам, речиси сите сработени проекти ви се особено драги и секако, сте горди на нив. Секој проект кој ние како дирекција го завршуваме има специфична цел и намера, од грижа за животната средина ипромовирање на здрави животни навики, до поддршка на спортот и културата, грижа за најмалите и преземање на соодветни чекори за финансиска едукација уште од рани години и слично.
Во тој контекст, покрај HalkEco – платформата под чија капа ги развиваме сите проекти за заштита на животната средина и HalkPay и GarminPay кои се наменети за олеснување на секојдневните банкарски трансакции на една модерна индивидуа со динамичен лајфстајл, посебно би ја издвоила комуникацијата која се однесува на најмалите и најслатките – децата во која слончето Халки има мисија за развивање на свеста за детско штедење уште од мали нозе.
2. Како дојде до идејата за создавање на Халки, препознатливото слонче кое е заштитен знак за детското штедење на Халкбанк?
Добро ни е познато дека децата се врзуваат најлесно со некој карактер, мил, добар, забавен лик, кој ќе ги насмее, а истовремено и ќе ги научи нешто. Децата го нарекуваат „другарче” и од него очекуваат да им биде постојан сопатник, споделувајќи шеги и смешни случки, но истовремено учејќи ги на основните практики за општествено одговорно однесување, поттикнувајќи добри мисли и добро однесување кај секој од нив.
Слончето како идеја дојде бидејќи навистина има супер симболика, и некако се поврза со целата приказна. Согласно старите верувања, слончето како симбол носи пари и среќа, а од друга страна и како животно е многу кротко и питомо, кое шири позитивна енергија во сите приказни и анимирани филмови во кое е застапено.
3. Финансиска писменост се стекнува од најмали нозе. Токму затоа и Народна банка спроведуваше низа активности врзани за финансиска едукација на граѓаните, а меѓу другото и на најмладата популација. Сепак, кога станува збор за производи врзани за децата и младите, веројатно е потребна посебна внимателност и општествено одговорен пристап. На кој начин Халкбанк ја спроведува промоцијата на детското штедење?
Навистина е потребно да се посвети внимание при правењето стратегија за таргетирање на најмалите. Потребно е внимателно да се одберат каналите на комуникација и тонот на комуникација бидејќи пораката и наравоучението кое ќе се пренесе со секоја приказна останува долго запаметено во детските глави.
Со Халки ние создадовме не само лик кој е олицетворение на детското штедење, туку и бренд, кој е асоцијација за учење на децата на оштествено одговорно однесување и развивање практитки како како што се заштита на животната средина, дружење во природа, прифаќање на лицата со посебни потреби и стекнување навики за штедење.
Во насока на развивање на брендот и продолжување на мисијата за поттикнување на добри навики ја создадовме и „Сликовницата на Халки“, која веруваме дека доаѓа во вистинско време, време во кое децата најголемата забава ја пронаоѓаат во содржината понудена на смарт уредите. Илустрираната приказна е создадена од домашни автори и во неа се застапени многу корисни работи кои веруваме дека ќе бидат од големо значење за децата, но и за родителите.
Приказната за Халки може да се следи преку социјалните мрежи Халки/Halki на Facebook и halki.slonce на Инстаграм каде што секојдневно се објавуваат факти, поучни приказни и разни активации кои ги поттикнуваат децата на креативност и наидуваат на огромна интеракција ипозитивен фидбек од страна на децата и нивните родители.
Дополнително, со Халки задолжително е и присуството на различни настани каде што се нуди добра забава и се доделуваат интересни подароци, меѓу кои, на примери влезници за Зоолошката градина во Скопје каде може да се посетат слончињата Дуња и Даела и да се види нивниот прекрасно уреден дом.
4. Колку тоа што сте млада личност и што сте мајка Ви помогна во избор на вистински начин на претставување и приближување на производот до децата?
Навистина Многу. Децата ги обожувам. Има многу што да се научи од нив. Секое дете и секоја интеракција со деца навистина ме инспирира и ја потхранува секоја моја мисла.
Начинот на кој ја впиваат секоја информација и нивната возбуда кога некој ќе ги израдува и ќе направи некоја добрина за нив, е навистина фасцинантна и незаменлива.
Кога дојде време за развивање на брендот Халки бев решителна дека сакам да бидам дел од тој проект бидејќи имам безброј идеи и инспирации како сето тоа да се спроведе на вистински начин.
Со оглед на тоа што сум мајка на едно тригодишно девојче кое е моја најголема радост и секојдневна иснпирација и бескраен извор на идеи, постојано сум посветена на истражување и учење за начинот на кој треба да допреме до децата во различни фази од нивниот живот и да поттикнеме позитивни промени и однесување.
5. Мотото на Халкбанк е Важни се луѓето, што се однесува не само на клиентите туку и на вработените. Халкбанк важи за банка со најмала флуктација на вработени во однос на други слични институции, што значи дека постои задоволство на вработените од условите кои се нудат во Халкбанк. Колку Вие како млада личност сте задоволни од просторот кој го имате за кариерен развој и колку се почитува тоа што сте жена и мајка?
Да се биде мајка и успешна деловна жена е навистина тешко за координација. Двете улоги бараат огромна посветеност и постојанo усовршување и развивањена различните вештини.
ХалкбанкАД Скопје како институција во која работам веќе 7 години навистина се истакнува во поглед на грижата за вработените, создавање на убава работна атмосфера и секако грижа за клиентите. Можам да кажам дека се посветува огромно внимание на обезбедување на различни поволности за вработените, можности за доедукација и професионално усовршување и можности за кариерен раст, притоа внимавајќи секој еден од нас да може своето знаење и експертиза да го насочи онаму каде што е тоа потребно.