Хана Хуљиќ како никогаш да не се породила: Блесна покрај Грашо на Music Awards Ceremony (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачот Петар Грашо синоќа се појави на фестивалот MAC во придружба на сопругата Хана Хуљиќ, која неодамна се породи.

На црвениот тепих се појави фул нашминкана, блескаше во полн сјај и сите погледи беа вперени во неа.

Таа за овој настан избра елегантен црн фустан со голи рамена, а нејзините бујни гради беа во преден план.



Следеа коментари за нејзиниот изглед.

„Како изгледаш“, „Убава си“, „Како никогаш да не си родила“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Петар Грашо никогаш не сакал да го изнесува во јавноста својот приватен живот, а неодамна призна дека не е задоволен од оваа медиумска популарност откако се дозна дека е во врска со Хана.

-Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните детали не ги споделуваме со јавноста, а тоа веројатно ги прави медиумите уште пољубопитни. Нам ни е смешно како всушност станавме медиумска мета, а не кренавме прст за тоа. Ни најмалку не се оптоваруваме, нѐ забавуваат сите тие написи и корици со бомбастични наслови и тенка содржина. Најмногу не насмеа веста дека станавме хрватски „Меган и Хари“ – рече Грашо и истакна:

- Секогаш ми беше важно да не ги замарам луѓето со неважни ситници и музиката да биде единственото нешто што ги интересира поврзано со мене, а слична личност е и Хана. И покрај тоа, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти – изјави претходно Петар Грашо за хрватските медиуми.


FOTO: Instagram screenshot