Хирург ми ја украде природната убавина: Ме сметаа за најубава жена во светот, а сега мојот изглед е уништен

„Ме прогласија за најубава жена на светот, а сега мојата убавина е уништена!„.

Ова го тврди поранешната Бонд девојка, Брит Екланд, која неодамна зборуваше за списанието Платинум за естетските процедури на кои се подложувала и поради кои, како што рече, „и била украдена природната убавина“.

- Тие постапки го уништија моето лице и целиот изглед. Тоа е најголемата грешка што некогаш сум ја направила и жалам за тоа - изјави познатата актерка која денес има 78 години.

Таа вели дека отишла кај козметички хирург во Париз кој ѝ предложил „експериментален“ филер наречен Артекол, кој е направен од еден вид колаген. Тоа било, вели таа, пред скоро триесет години. Оттогаш, актерката редовно се обидува да се ослободи од филери и да го раствори со разни третмани и инјекции, но без успех. 

- Сите овие постапки ги направив на 50 години и ако можев да го вратам времето, не ми паѓа на памет да го сторам тоа - вели ѕвездата на филмот „Човекот со златниот пиштол“.

- Кога ќе ги погледнам моите слики од времето пред постапката, сфаќам дека изгледав одлично. Го гледам тоа сега, но тогаш не го гледав тоа - вели таа. 

Брит влезе во конфликт со Никол Кидман во 2008 година кога изјави дека е „фатално кога актерките користат ботокс“.

- Се сеќавам дека ја гледав во филмот „Студена планина“ и сфатив дека користи ботокс. Нејзиното лице не покажуваше емоции, таа беше како кукла. Зошто некој, особено актерка, би го посакала тоа - вели Брит. 

Таа исто така вели дека дури сега конечно го прифаќа концептот на „достоинствено стареење“.

- Само сега се чувствувам добро во мојата кожа. Сега разбирам дека стареењето им се случува на сите и дека нема смисла да се обидувам да го избегнам тоа - вели таа.


Фото: Profimedia/Инстаграм