Холивудскиот заводник Ричард Гир „скока во тавче“ по трет пат-а која е среќничката?

Добивај вести на Viber

Филмската ѕвезда Ричард Гир во мај ќе застане пред олтар со својата 34 години помлада девојка Алехандра Силва, која ја запознал пред три години, додека уште бил во брак со актерката Кара Ловел.

Странски медиуми тврдат дека на 5 мај ќе се одржи свечена церемонија во Вашингтон, а за свршувачката почнало да се зборува уште во декември лани кога на раката на Алехандра е забележан голем дијамантски прстен.

Ова ќе му биде трет брак на холивудскиот заводник, кој очигледно не ја изгубил вербата во љубовта, но и втор брак на убавата Шпањолка.

Парот инаку врската поради деловни обрски ја одржува на релација Мадрид-Њујорк , а ги споиле и бројни хуманитарни проекти на кои заедно соработуваат.