Хоризонтот ни е ограничен со новоградби чии димензии се насилство: Интервју со Владимир Милчин

Добивај вести на Viber

Дијалогот деновиве се сведе на клетви и пцости... насилството врз неистомислениците почнува со закани, но завршува со физички напади, подметнати пожари. Фашизмот е на прагот, вели режисерот 

Во времето на груевизмот, како прв човек на Фондацијата отворено општество, во процесот на лустрација беше оквалификуван како „кодош“, а неговите претстави - „непријателски“. Денес, кога едноумието падна, како што вели самиот, раката на власта уште повеќе се издолжи продолжувајќи со насилството и закани врз неистомислениците. Од режисерски аспект вели дека Македонија денес ја гледа некаде помеѓу жанрот гротеска и вeвчански карневал.

* Со децении сме заложници на приказната за европска Македонија. Додека чекаме да ни ги инсталираат европските вредности однадвор, има ли надеж да го почнеме процесот сами однатре?

- Се надевавме дека СЈО ќе биде моторот на европеизацијата на Македонија. Нè излажаа. Аферата „Рекет“ и она што следеше по неа дефинитивно ги урнаа сите надежи дека актуелната власт е посветена на европска Македонија и на слоганот „Нема правда, нема мир!“. Тој слоган подразбираше и казнување на криминалците од бившата, но и од сегашната власт, но и социјална правда. Најголемата партија во владејачката коалиција претендира дека е социјалдемократска! Всушност, сите големи партии кај нас работат во корист на олигарсите. И не го кријат тоа. Анѓушев е вицепремиер во актуелната влада. Нема надеж да ја почнеме европеизацијата однатре.

Парадоксално, една од причините за тоа е и промената на името и договорите со Грција и Бугарија, сè во името на преговорите со ЕУ, кои никако да почнат! Соочени сме со оспорување на идентитетот на Македонците во Македонија и македонските малцинства во соседството. За идентитетот и за јазикот не смееше да се преговара. Владата немаше мандат за тоа. Немаше мандат ни макијавелистички да ја злоупотреби амнестијата за да го добие пратеничкото мнозинство. Правна држава? Наместо да отвори нова страница во историјата, нè врати назад, во предасномска Македонија.

Целото интервју прочитајте го на ФАКТОР.МК