Хрватски медиуми: Северина не се одвојува од српскиот продуцент Филип

Откако Северина по шест години брак се разведе од поранешниот сопруг Игор Којиќ, се појавија шпекулации дека започнала љубовна врска со нејзиниот долгогодишен соработник, српскиот продуцент Филип Милетиќ.

Северина и Филип почнаа да соработуваат пред повеќе од 10 години, кога ги направи нејзините хитови „Бред Пит“, „Узбуна“, „Италијана“ и многу други. Тој тогаш беше во сериозна врска со пејачката Ана Бебиќ, која заврши неславно. Уште тогаш се шпекулираше дали Северина е виновна за разделбата со Ана, но и двајцата тогаш тоа го демантираа.

Меѓутоа, откако пејачката се разведе од синот на Драган Којиќ Кеба, Филип постојано ѝ прави друштво. Хрватските медиуми пишуваат дека буквално не се разделуваат, и дека често се гледаат на јавни места, но и на патувања.

На Милетиќ пред неколку дена му беше роденден, а Северина во описот на заедничката фотографија му остави силна порака на Инстаграм.

Хрватските медиуми за Денот на вљубените, 14 февруари, објавија дека Северина пред станот бакнала маж, за набргу потоа да се испостави дека тоа бил Филип. Кога официјално го потврди разводот со Игор, времето го помина најчесто со друштво на море, а таму беше и продуцентот. Заедно позираа и се фотографираа за социјалните мрежи на одмор, а подоцна се појавија и на промоцијата на книгата на Димитриј Поповиќ во КБЦ. Пред неколку дена позираа со торта, со која таа му го честиташе роденденот, со натпис „Те сакам“.



Фото: Инстаграм/Северина

Извор: нова.рс