ХУМАНОСТA НА ДЕЛО: Младите сакаат да донираат облека

Добивај вести на Viber

Во Црвен крст на град Скопје на годишно ниво се собираат околу 20 тони облека, а со отварањето на продавницата за половна облека „Копче“, количината на донирана облека се зголеми за речиси 50%, и во последната година изнесува околу 30 тони, вели Александра Боева од Црвен Крст на град Скопје.

Генералната слика е дека има граѓани кои редовно донираат облека и имаат високо развиена свест за овој хуман гест. Меѓу донаторите има и нови луѓе кои досега не донирале, но сега почнуваат својата облека да ја подаруваат.

„Она што радува е  фактот дека младите се исклучително заинтересирани за селекција и донација на својата облека. Една од нашите цели е токму да ја развиеме свеста кај младите, да донираат здрава и сочувана облека и да влијаеме врз навиките за одговорно донирање, но и одговорно трошење. По отворањето на продавницата „Копче“, во процесот на собирање облека се вклучија и повеќе компании и организации во кои се поставени посебни кутии за донирање на облека. Често пати организациите прават свои акции и истите ги дистрибуираат до продавницата“- раскажува Боева за Фактор.мк.