ИДЕАЛИСТИ СО НЕЈАСНИ ЖЕЛБИ: Овој знак е спротивен на девицата

Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун - владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.

Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.

Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат.

Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец.

Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Претставниците и на двата знаци се посветуваат премногу на другите, но рибите понекогаш премногу влегуваат во улогата на жртви.