Игор тагува по сестра си: Систер, ти и не сфаќаш колку ми недостасуваш

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов со емотивна објава призна дека многу му недостасува неговата сакана сестра Татјана. 

Тие не се гледаат многу често, бидејќи таа не живее во земјава.

„Како пролетен ветер залутан во септември.
Доаѓа неочекувано, пријатно пирка, и тотално те освежува.
А потоа го снемува, уште пред да ги отвориш очите.
Систер, Tanja Dzambazova , ти и не сфаќаш колку ми недостасуваш...“ - напиша Игор под нивната заедничка фотографија.