Или ќе живеевме заедно или ќе умревме заедно: Кога останала трудна, дознала дека има рак, а докторот ѝ рекол дека мора да абортира

фото:Printscreen/Facebook

На Анa Беатрис Фресеиро Шмит ѝ бил дијагностициран рак на дојка откако останала бремена со своето трето дете.

Докторот ја советувал да абортира, но таа одбила. Рекла дека „Бог ѝ испраќа сила за тоа што следува“.
Таа објасни дека докторот бил експлицитен кога ѝ предложил абортус, бидејќи туморот бил хормонален и можел драстично да се влоши за време на бременоста. „Верувам во животот и љубовта. Никогаш не би го жртвувала детето за да се спасам. И бев во право за тоа. Или ќе живеевме заедно или ќе умревме заедно. Се борев и за двете и преживеавме“, вели Ана.

Таа истакна дека почнала со лекувањето, за кое вели дека било тешко, но секогаш кога ќе почувствувала слабост сила наоѓала во ќеркичката Луиз, која денес има три години.

извор:najzena

-50-годишна жена го роди сопственото внуче: Стана сурогат мајка на нејзината ќерка која се бори со неплодност

-Љубовта помеѓу мајката и синот е нешто најпосебно: 7 работи кои мајките на момчињата треба да ги знаат