50-годишна жена го роди сопственото внуче: Стана сурогат мајка на нејзината ќерка која се бори со неплодност

50-годишна жена ја роди својата внука

Чејлиз Смит решила да стане сурогат мајка на својата 25-годишна ќерка Кејтлин, која долго време се бори со неплодност.

Жената го роди девојчето на 17 мај.
- Мајка ми е ангел, многу сум ѝ благодарна - напиша среќната Кејтлин на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Miguel & Kaitlyn Munoz (@creatingourfam)


- Секој ден размислував за тоа. Се молев, прашувајќи се дали ова мојата судбина, рече Чејлиз Смит во интервју за Добро утро Америка.

Нејзината ќерка Кејтлин боледува од ендометриоза, болест во која ткиво на поставата на матката почнува да расте во јајниците и јајцеводите. Ова го отежнало зачнувањето на 25-годишната девојка.
Во 2019 година Кејтлин решила да се подложи на вонтелесно оплодување и забременила. Иако синот е роден здрав, бременоста поминала со компликации. Околу 30-тата недела од бременоста, на Кејтлин ѝ бил дијагностициран Сјогренов синдром, автоимуна болест која ги зафаќа мукозните мембрани, солзните канали и плунковните жлезди. Симптомите на оваа хронична болест вклучуваат суви очи и уста, замор и болки во зглобовите. Може да ги оштети и белите дробови, бубрезите и нервниот систем.

Во јануари 2021 година, Кејтлин слушнала дека нејзината автоимуна болест ги оштетила нејзините бубрези и дека нема да може повторно да забремени.

- Бев скршена. Мојот сон е да имам големо семејство. Уште од мала сонував да бидам мајка – вели Кејтлин.

„Душо, јас ќе ти родам бебе“

Мајката на Кејтлин се понудила да стане нејзин сурогат по долго размислување. На 49-годишна возраст успеала да забремени и да роди ќерка. Никогаш не мислев дека ќе доживеам вакво нешто и дека на 50 години ќе родам дете - рече таа.

- Кога мајка ми се понуди да биде наш сурогат, се чувствувавме одлично. Мајка ми беше неверојатна за време на бременоста и имавме неверојатно искуство со породувањето. Благодарна сум за нејзината несебичност – призна Кејтлин.

View this post on Instagram

A post shared by Miguel & Kaitlyn Munoz (@creatingourfam)


Жената морала да прима инјекции во првите 10 недели од бременоста. За одлуката на жената, поширокото семејство било известено по 15 недели, кога бременоста се одвивала според планот.

Минатиот месец се роди здраво девојче - Алаина Кејт-Чејлиз, тешко 3500 г.


- Последните 24 часа беа неверојатно искуство. Немам зборови. Мајка ми е вистински ангел и ни донесе уште еден благослов – напиша Кејтлин во објава на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Miguel & Kaitlyn Munoz (@creatingourfam)


извор:najzena

Мајката била тешко болна, но се случи чудо: Девојче се роди на 22 февруари 2022 година во 2:22 часот наутро