,

Мајката била тешко болна, но се случи чудо: Девојче се роди на 22 февруари 2022 година во 2:22 часот наутро

Аберли Спир се избори Хочкиновиот лимфом (рак на лимфниот систем, дел од имунолошкиот систем), а поради терапии немаше големи шанси да може да забремени.

Аберли од Северна Каролина се борeла со тешката болест шест долги години. Меѓутоа иако за среќа се изборила со Хочкинов лимфом, поради терапијата немало големи шанси да се исполни нејзината и најголемата желба на нејзиниот сопруг - да забремени. Сепак, се случи чудо, таа забременила и вторник беше посебен ден за нејзиното семејство. 

Имено, 22.2.2022 година, точно во 2:22 часот наутро, во породилната сала 2, Аберли ја роди малата Џуда Грејс, пренесува People.
„Џуда Грејс е потсетник на сите добри работи“, рече новопечената баба Кристи Енгелбрехт, додавајќи дека нејзината ќерка се борела со ракот до 2020 година.


- Денеска е посебен ден за ова новороденче и нејзиното семејство! Џуда Грејс е родена на 22 февруари 2022 година, во 2:22часот во родилна соба 2! Џуда одговори на молитвите на нејзиното семејство, таа е благослов за нејзиното семејство – напишаа на социјалните мрежи од клиниката во која е родена Judah Grace.

извор:vecernji.hr