Има 50 години и тело од соништата: Кога се појави во Кан, сообраќајот запре! (ФОТО)
Филмскиот фестивал во Кан собра голем број познати личности, меѓу кои и пејачот Рики Мартин, кој папараците го снимија на балконот од хотелот во кој престојува.
Денеска 50-годишниот Рики во костим за капење покажа дека е во топ форма, но ги покажа и бројните тетоважи со кои го украси своето тело.
Добитникот на Греми во Кан со пејачката Кристина Агилера треба да настапи на гала вечерата на американскиот фонд за истражување на СИДА, а сè уште не е познато дали во Франција пристигнал во друштво на неговиот сопруг.
Ricky Martin in Cannes. pic.twitter.com/jjxtq9cv6M
— #CannesFestival (@21metgala) May 25, 2022
Рики скрши многу срца пред десет години откако отворено призна дека е геј. Имено, музичарот веќе неколку пати беше критикуван и обвинет дека пред 2010-та година, кога зборувал за својата сексуалност, бил нечесен кон жените со кои излегувал. Иако, повеќето од девојките кои излегуваа со него беа маркетиншки трик и договор што тој го имаше со менаџерот и издавачката куќа.
„Многумина ме прашуваат дали би направил нешто поинаку. Па, можеби во едно интервју во 2010-та година, кога ме прашаа за сексуалната ориентација, би рекол дека сум геј. Би било одлично кога би го направил тоа тогаш, бидејќи ќе се чувствував неверојатно.“ - изјави Мартин.
Извор: stil.kurir.rs